18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Митјиланд на Солскјер го победи Јунајтед

Лига Европа: Митјиланд на Солскјер го победи Јунајтед

ligos

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед уште еднаш оваа сезона ги разочараа своите фанови, откако во првиот натпревар од шеснаесетфиналето во Лига Европа, загубија од Митјиланд со 2:1.

Во прватите натпревари од шеснаесетфиналето во Лига Европа сигурни победи забележаа Севилја, Борусија Дортмунд, Валенсија, минимална предност стекнаа Сент Етиен, Виљареал, Спарта Прага и Андерлехт, без победник завршија натпреварите Фиорентина-Тотенхем, Шахтјор-Шалке, Галтасарај-Лацио и Аугсбург-Ливерпул, а значајни гостински победи остварија Атлетик Билбао, Брага и Баер Леверкузен.

Митјиланд, кој од клупата го предводи еден од омилените играчи на навивачите на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, со пресврт славеше над ‘црвените ѓаволи’.

Депај погоди за Јунајтед во 37.минута, седум минути подоцна израмни Систо, а триумф на Митјиланд му донесе Онуаху во 77.минута.

Резултати:

Дортмунд-Порто 2:0

Фиорентина-Тотенхем 1:1

Виљареал-Наполи 1:0

Андерлехт-Олимпијакос 1:0

Сент Етиен-Базел 3:2

Севилја-Молде 3:0

Митјиланд-Манчестер Јунајтед 2:1

Аугсбург-Ливерпул 0:0

Марсеј-Атлетик Билбао 0:1

Спарта Прага-Краснодар 1:0

Шахтјор-Шалке 0:0

Валенсија-Рапид Виена 6:0

Сион-Брага 1:2

Спортинг Лисабон-Баер Леверкузен 0:1

Галатасарај-Лацио 1:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП