28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТенис: Најмногу сомнителни мечеви се одиграни во Турција

Тенис: Најмногу сомнителни мечеви се одиграни во Турција

tenis-benis

Најмногу сомнителни мечеви во тенисот, во текот на 2015 година, се одиграни во Турција, тврди ESSA која се занимава со интегритетот во спортското обложување.

Оваа организација објави дека открила 100 симнителни мечеви, 73 се забележени во тенисот, а 24 од нив биле одиграни во последните три месеца од 2015 година.

Минатиот месец BBC објави дека постојат докази за местење во тенисот и дека се вмешани тенисери кои се во самиот светски врв.

ESSA ги предупреди обложувалниците ширум Европа да ги предупредуваат владејачките тела на спортските организации доколку се посомневаат во некој меч.

Инаку, BBC својот извештај за местење мечеви во тенисот го објави на почетокот на Австралија Опен, истрагата продолжи и според најавите ќе трае најмалку една година.

BBC тогаш објави список на земји во кои се одиграни сомнителните мечеви. Осум се одиграни во Турција, по седум во Аргентина и Тунис, по пет во Мексико и САД, а по четири во Доминиканска република и во Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП