9 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОХарјанто прв Индонежанец во Ф1

Харјанто прв Индонежанец во Ф1

harjanto

Индонежанецот Рио Харјанто (23) ќе дебитира во Формула 1, откако тимот на Менор потврди дека тој, заедно со Паскал Верлајн, ќе вози за оваа екипа во претстојната сезона. Харјанто е првиот Индонежанец кој ќе се натпреварува во шампионатот на Формула 1.

Конкуренти на Хајранто за место во тимот на Менор беа Вил Стивенс и Александер Роси, но пресуди финасиската поддршка која младиот возач ја доби од својата држава.

„Менор е тим кој има возбудлива визија и амбициозни планови. Направија одличен проект и со нетрпение чекам да влезам во болидот. Трката во Мелбурн ќе биде голем момент во мојата кариера, голем момент за мојата земја и за сите кои ме подржуваат. Се радувам што ќе ја претставувам Азија во Формула 1“, рекол Харјанто кој на својот болид ќе го носи број 88.

Младиот возач изминатите четири сезони се натпреваруваше во GP2 серијата, а минатата сезона забележа три победи и го освои четвртото место во генералниот пласман.

Харјанто има искуство во Формула 1, бидејќи во 2012 година го тестираше болидот на Марусија (сегашен Менор), а минатата година за сегашниот тим ги тестирап новите пневматици на Пирели.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 13. март со трката за Големата награда на Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП