16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик незивесен за мечот со Кристијанштад

Штербик незивесен за мечот со Кристијанштад

sterbinjo 00

Ракометарите на Вардар во сабота ги продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите. Во рамките на 12-то коло тие ќе го пречекаат шведскиот шампион Кристијанштад.

Вардар е во потера по што е можно подобро место на табелата во Групата 2, додека Кристијанштад, кој е претпоследен на табелата, без поголеми грижи ќе допатува во Скопје.

„Кристијанштад ќе игра без притисок, така одигра и против Кјелце. Тим кој игра добра 6-0 одбрана, има добар голаман и се одличен тим во контранападите. Џамали е главен играч во нападот, поседува добар шут и се развива во одличен ракометар. Ние оваа недела добро трениравме, а претходните натпревари против Рајн Некар и во СЕХА лигата добро ни дојдоа за подигање на формата“, рече тренерот на Вардар, Раул Гонзалес на прес-конференцијата, на која го најави мечот со Кристијанштад.

Дека можат да одиграа на високо ниво, кога не се под резултатски императив, играчите на Кристијанштад покажаа во минатото коло кога одиграа нерешено со фаворизираниот Кјелце.

„Мечот со Кристијанштад е многу важен за нас, добро ќе ни дојде и психички да се вратиме на вистинскиот пат. Тие ќе дојдат да одиграат без никаков притисок, а ние ќе да одиграме што е можно подобро. Добро трениравме оваа недела, фаворити сме но тоа ќе мора да го покажаме и на теренот“, рече ракометарот на Вардар, Мијајло Марсениќ.

Вардар на натпреварот со шведскиот тим нема да може да смета на услугите на Карачиќ, додека незивесен за настап е голманот Штербик, кој има проблеми со Ахиловата тетива. Сепак, за разлика од гостувањето кај Рајн Некар, во минатото коло, Вардар ќе биде посилен за македонските репрезентативци Стоилов и Манасков на кои им истече клупската суспензија.

Натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад ќе се одигра в сабота со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП