21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Реал и Волфсбург чекор до четвртфиналето

ЛШ: Реал и Волфсбург чекор до четвртфиналето

rerereal

Реал Мадрид и Волфсбург забележаа гостински победи над Рома, односно Гент и направија голем чекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Реал, во Рим, славеше над Рома со 2:0, додека Волфсбург победи во Гент со 3:2.

Реал тешко се справуваше со двојниот дефанзивен блок на Рома во првото полувреме, а во второто Шчешни го совлада Кристијано Роналдо во 57.минута. Од тој момент натпреварот се ‘отвори’, двата тима имаа неколку сериозни шанси за гол, а конечниот резултат го постави Хесе во 85.минута.

Германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер блескаше во Гент, ги постигна првите два гола во 44. и 55.минута, а 0:3 на Волфсбург му донесе Крусе со голот во 62.минута.

До крајот на натпреварот Гент со два гола го ублажи поразот, стрелци беа Кумс во 80-та и Кулибали во 89.минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП