23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни заради повреда ќе паузира најмалку два месеца?

Руни заради повреда ќе паузира најмалку два месеца?

runi-muni

Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, ги повредил лигаментите на коленото и надвор од терените ќе биде два месеца, тврдат англиските медиуми.

Од Јунајтед само соопштија дека Руни нема да патува во Данска на првиот меч на Европа лигата против Мидтјиланд во четврток, без да ја споменува тежината на повредата.

Руни(30) е капитен на англиската репрезентација која во јуни ја очекува настап на Европското првенство, а напаѓачот неодамна изјави дека сака европска титула со Англија, како и освојување на Европската лига или ФА купот со Јунајтед.

Освен Руни, во Данска нема да патуваат и Фелаини и Дармиан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП