6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрсте Велкоски пред трансфер во Јужна Кореа

Крсте Велкоски пред трансфер во Јужна Кореа

krste111

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски, според пишувањата на медиумите во БиХ, ќе го напушти фудбалскиот клуб Сараево. Порталот, sportsport.ba, пишува дека Велкоски, кој со Сараево се наоѓа на подготвки во Анталија, нема да се врати во главниот град на БиХ, туку ќе продолжи во Јужна Кореа.

Раководството на ФК Сараево потврдува дека постои можност Велкоски да го напушти клубот, без да изнесат повеќе детали, бидејќи напаѓачот и пред еден месец бил пред заминување, но на крајот трансферот не бил реализиран.

Крсте Велкоски во Сараево пристигна пред две години, минатата сезона со 11 голови бил најдобар стрелец во тимот, додека оваа сезона има постигнато шест голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП