18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Реал против Рома и традицијата

ЛШ: Реал против Рома и традицијата

roma real 00

Рома-Реал Мадрид и Гент-Волфсбург се натпреварите од осминафиналната фаза кои Лигата на шампиони ги нуди во среда. Јасно е дека фудбалскиот свет ќе се сконцентрира на настаните на „Олимпико“ во Рим, каде Реал ќе се обиде по три децени да ја сруши традицијата.

Рома и Реал во осминафиналето влегуваат со малку поразлични сили од она што беше пред два месеци кога ги спои жрепката во Нион. Имено, двата тима во меѓувреме добија нови тренери: Руди Гарсија замина од Рим, а нов тренер на ’волчицата’ е Лучано Спалети, додека Зинедин Зидан го наследи Рафа Бенитез на клупата на Реал.

И кога ги спои жрепката, а и сега, Реал е фаворот во овој двомеч, но традицијата им задава главоболки на сите во ’кралскиот клуб’. Реал од 1987 година не успеал да мине италијански тим во нокаут фазата кога се играат два натпревари.

Последен пат Реал против италијанска екипа ја минал нокаут фазата во 1987 година (Наполи), оттогаш испаднал осум пати: два пати од Милан (1989/90, 1990/91), четири пати од Јувентус (1995/96, 2002/03, 2004/05, 2014/2015), еднаш од Торино (1991/92) и еднаш од Рома (2007/2008), чии тренер тогаш бил Спалети.

Рома во 2008 година последен пат играше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а од тие дуели сеуште се активни Тоти и Де Роси кај Рома, односно Серхио Рамос кај Реал. Осминафиналето во сезоната 2007/2008 против Реал, Рома го реши со две победи од 2:1.

Прашање  е каква тактичка поставеност ќе одбере Спалети, односно како ќе и парира на 4-3-3 формацијата на Зидан. Италијанските медиуми претпоставуваат дека Рома формациски ќе игра 4-1-4-1 со Де Роси како коректор на редот за врска, а со Џеко во шпицот на нападот.

Белгиски Гент е најпријатното изненадување оваа сезона во Лигата на шампионите, а според прикажаното во групата заслужи осминафинале. Гент ќе го пречека Волфсбург, кој ја освои групата во која беа ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед и ЦСКА Москва.

Како е да заврши овој осминафинален двомеч, Гент и Волфсбург ќе го постигнат најголемиот успех во европските купови. Карактеристика на двата тима е лошата форма во овој период од сезоната: Гент загуби во дербито со Бриж и доживеа елиминација од националниот Куп, додека Волфсбург, во домашното првенство, има само една победа на последните пет натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП