25 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички го победи МЗТ

Работнички го победи МЗТ

kosarka-basket

Кошаркарите на Работнички го совладаа МЗТ во ‘вечното дерби’ на македонската кошарка со 74:71 (19:13, 14:20, 24:21, 17:17). Работнички по овој натпревар има скор од седум победи и десет порази, додека актуелниот првак го запиша вториот пораз во 17-от меч во првенството.

МЗТ, поради играчкиот кадар кои го има, беше фаворит на овој меч, но на теренот во „Градски Парк“ не ја оправда таа улога.

Делуваше дека Работнички повеќе ја посакува победата, а до неа стигна во неизвесна завршница и благодарение на мирната рака на Диме Тасоски, кој во последните 23 секунди реализираше четири слободни фрлања.

Инаку Работнички, во 25 минута стигна до двоцифрена предност, од 11 поени, а МЗТ успеа да израмни, а потоа и да поведе во 34.минута. Потоа до крајот се водеше голема борба од која Работнички зилезе како победник.

Ветераните во тимот Работнички беа најзаслужни за победата, Тасоски реализираше 19 поени, Чековски иампе 15 поени и осум скокови, а Мираковски 14 поени.

Најрасположен кај МЗТ беше Урош Луковиќ со 26 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП