15 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоминација на ЖРК Вардар во Букурешт

Доминација на ЖРК Вардар во Букурешт

vardarki

ЖРК Вардар забележа убедлива победа во Букурешт над истоимената екипа 30:25 (17:11), во рамките на осмото коло во Групата 2, во Лигата на шампионките. Со оваа победа ЖРК Вардар речиси ја обезбеди третата позиција на табелата, а во последните две кола ќе се обиде да ја нападне позицијата број 2 на која во моментов се наоѓа Ѓер.

ЖРК Вардар, во Букурешт, го одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната, во целост ја котролираше играта од самиот почеток и на крајот заслужено славеше.

Дека играта на противникот е добро анализирана покажаа воведните минути од натпреварот, кога вардарки направија предност од четири гола (5:1). Голмaнките на Букурешт, со серија на добри одбрани спречија македонските шампионки уште во раната фаза на мечот да ја обезбедат победата.

Предноста на Вардар во 15.минута беше 11:6, во финишот на првиот дел стигнаа и до позитива од седум гола, а на полувреме замина со плус шест на своето конто (17:11).

Букурешт се обиде во второто полувреме да се врати во мечот, во 38.минута се доближи на негатива од три гола (20:17), но тогаш на сцена стапи Лејно, која со неколку интервенции (седум до крајот на мечот), не дозволи противничките да направат пресврт.

ЖРК Вардар до победата го предводеа двете Андреи, Лекиќ која постигна девет и Пенезиќ која постигна седум голови.

Вардарки, во наредното коло на 21.февруари (17:30 часот), ќе го пречекаат европскиот првак Будуќност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП