4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAnglo American со нова загуба, најави продажба на рудници

Anglo American со нова загуба, најави продажба на рудници

anglo ameican 353

Рударската компанија Anglo American минатата година работеше со загуба од 5,62 милијарди долари, првенствено поради ниските цени на металот и најави продажба на нерентабилните рудници за да ја намали задолженоста.

Компанијата негативно работи веќе четврта година по ред, при што загубата порасна во однос на 2014 година, кога изнесуваше 2,51 милијарда долари. Приходите од продажбата се намалени за 26 отсто на 23 милијарди долари.

Anglo American, кој има рудници ширум светот и произведува сѐ, од дијаманти до железна руда и никел, лани забележа пад на пазарната вредност за 75 отсто, бидејќи инвеститорите се сомневаат во опстанокот на компанијата со оглед на големиот долг и цената на металот на најниско ниво во последните шест години.

За да го одржи готовинскиот тек, раководството на компанијата најави продажба на три петтини од имотот, отпуштање на работници и престанок на исплата на дивиденда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП