1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса ја декласира Селта

Барса ја декласира Селта

_88271977_messii

Барселона ја совлада Селта со 6:1 во последниот натпревар од 24.коло во Примера. Барса е лидер на табелата со три, односно четири бода повеќе и натпревар помалку од Атлетико и Реал.

Селта според прикажаното не заслужи толку висок пораз, но играчите од Виго не ги искористија своите шанси, додека на спортивната страна блескаше триот Меси-Нејмар-Суарез.

Луис Суарез постигна хет трик, а неговиот трет гол го остави без здив фудбалскиот свет. Меси наместо да шутира од пенал му асиситираше на Суарез, а Уругваецот го комплетираше хет трикот. Меси и Суарез го пресликаа пеналот кој пред 34 години го изведоа играчите на Ајакс, Кројф и Олсон.

Покрај Суарез, стрелци за Барселона беа уште Меси, кој постигна брилијантен гол од слободен удар, односно Нејмар и Ракитиќ.

Единствениот гол за Селта го постигна Гвидети од пенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП