11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈада 43-ти во крос кантри на младинските ЗОИ

Јада 43-ти во крос кантри на младинските ЗОИ

медали

Нордиецот Ставре Јада, кој го носеше знамето на Македонија на отворањето на вторите младински Зимски олимписки игри, во саботата прв од македонските спортисти го имаше својот настап.

Јада настапи во трката во крос кантри и со оствареното време 3:39,99 минути, не успеа да се пласира во полуфиналето. Јада во конечниот пласман го освои 43-то место.

Наредниот настап Јада ќе го има во вторник кога ќе настапи во трката во спринт.

Во сабота, на борилиштата во Лилехамер ќе се појави и вториот македонски репрезентативец, Лука Божиновски, кој ќе настапи во трката во супервелеслалом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП