17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 13-14.02.2016

Викенд хороскоп 13-14.02.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не дозволувајте преголемите очекувања од другите да ве поколебаат и да ве натераат да се повлечете. Завршете ја зададената задача до крај и чекајте признание. Викендов е можно да ви се јави една личност од минатото. Послушајте ја, можеби навистина жали за минатите времиња.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Чувството на надмоќ ќе доминира и ќе ви го разубави овој период. На работното место се случуваат некои новини, но вие не сакате да се мешате. Очекувате да се смири ситуацијата и некој да ви објасни што е најдобро за вас. Слободните ќе се чувствуваат осамено.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Неопходно е да ги утврдите приоритетите и да покажете дека надворешните ограничувања и сопствените конзервативни предрасуди, нема да ве оддалечат од целта. Не очекувајте чуда доколку не се залагате максимално. Уживајте во прегратките на партнерот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Подготвеноста за стабилизирање на односите со блиските, треба да ви претставува главен приоритет, затоа неопходно е да ја смирите енергијата и да се приспособите во критичните мигови. Променете го размислувањето, многу грешите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе успеете да ја надминете меланхолијата и недоразбирањата со другите. На професионален план, следете ја интуицијата и подгответе се за борба и неизвесности, зашто постојат лица на кои ќе им пречи вашиот успех. Овој викенд обидете се да се релаксирате повеќе од вообичаено.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Внимавајте на расходите и не дозволувајте тие да ги надминат приходите. Ако играте игри на среќа, денес ве очекува добивка. Викендов ќе го поминете во пријатно друштво на една значајна личност која ќе ви биде од голема помош во иднина. Партнерот моментално не ви прави проблеми, но тоа не значи дека треба да го запоставувате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата. Очекувате среќна вест во врска со нешто што ви значи, најверојатно ќе ја добиете.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Решени сте да одите до крај и да го добиете тоа што го сакате. Викендов ви претстои разговор со една личност на висока позиција. Ветувањето што ќе го добиете нема да може да се реализира веднаш, но очекувајте позитивен резултат. Обидете се да не ги споделувате своите размислувања со партнерот. Тој е деструктивен и ве кочи во напредокот.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не е добро што постојано се жртвувате и го трошите слободното време, а другите воопшто не покажуваат интерес за постигнување на успехот. Затоа, бидете реални, зашто ретко кој ќе ви ги почитува ангажманите и ќе ви даде поддршка за плановите што имате намера да ги спроведете.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Бидете оптимистички расположени, активирајте ја силата за ставање крај на околностите што ве оптоваруваат, односно елиминирајте ги ограничувачките фактори во животот. Завртете се малку и кон љубовта, односно партнерот и подарете му го вашето внимание.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Викендов ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате. Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате. Ќе слушнете среќна вест.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Затоа, овој викенд почастете ги со вкусна вечера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП