Поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке е супендиран на 12 години, поради како што образложи Етичкиот комитет на Светската фудбалска организација ‘недолично однесување’.
Според Етичкиот комитет на ФИФА, Валке авионот на организацијата го користел за приватни цели, но исто така тој се товари за уништување на докази и нелегална продажба на ТВ правата за Светското првенство.
Валке, кој од 2007 година беше генерален секретар на ФИФА, првично беше суспендиран во септември минатата година.
Инаку, суспензијата на Валке е за четири години подолга од суспензиите кои ги добија првите луѓе на ФИФА и УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини.