
Раководството на францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен му понуди на Бразилецот Неимар дури 40 милиони евра годишна плата, со што би станал најплатен фудбалер на светот.


Раководството на францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен му понуди на Бразилецот Неимар дури 40 милиони евра годишна плата, со што би станал најплатен фудбалер на светот.
ПСЖ е подготвен да и плати на Барселона 190 милиони евра годишно отштета, а на Неимар неверојатно 160 милиони евра за четири годишен договор, пренесуваат бразилските медиуми.
Се шпекулира дека договорот со отштета, плата и бонуси вкупно би изнесувал околу 400 милиони евра.
Француските медиуми пишуваат дека сопственикот на парискиот клуб, шеикот Насер Ал-Келаифи го обожува бразилскиот мајстор и ќе стори се за да го доведе на Паркот на Прицовите.
Неимар сегашниот договор со Барселона трае до 2018 година и веќе преговара со каталонскиот клуб за нов договор. Барселона наводно му нуди 16 милиони евра по сезона, што е четири милиони помалку од сегашната плата на Лео Меси.
Голем интерес за неговите услуги имаат и Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но се чини дека Бразилецот има само една дилема, да остане на Камп Ноу или да се пресели во Париз.