5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПриходите на „ѓаволите“ бележат раст и покрај слабата сезона

Приходите на „ѓаволите“ бележат раст и покрај слабата сезона

manutd 33

Манчестер јунајтед бележи раст во приходите и покрај слабото претставување во последните месеци.

Според очекувањата на раководството, растот ќе биде од околу 26,6% за последниот квартал на минатата година.

Ова се случува, иако „црвените ѓаволи“ претрпеа тежок финансиски удар, откако не успеаја да се квалификуваат во елиминациската фаза на Лигата на шампионите.

Од „Олд Трафорд“ соопштија дека очекуваат вкупните приходи за кварталот пред плаќањето на даноци и други обврски да се движат помеѓу 178 и 188 милиони фунти. На крајот на третиот квартал прогнозите за оваа сума била меѓу 165 и 175 милиони.

И покрај падот во спортско-техничките резултати на клубот по заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година, Јунајтед продолжува да биде една од најпрофитабилните спортски брендови во светот.

Приходите од реклами во овој период се зголемила за цели 42,5%, а од телевизиските права за 31,3%. Продажбата на билети и предмети, сепак бележи пад за 1,6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП