17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНагелсман најмлад тренер во историјата на Бундеслигата

Нагелсман најмлад тренер во историјата на Бундеслигата

nagelsman 353

Германскиот Бундеслигаш Хофенхајм го постави 28-годишниот Јулијан Нагелсман за нов тренер на стручниот штаб. Нагелсман, како што соопшти клубот, потпишал договор до 2019, со што стана најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата.

Младиот стручњак во досегашната кариера ги предводел помладите категории во клубот, а со младинскиот тим бил шампион на Германија.

Нагелсман на клупата го наследи Холанѓанецот Хуб Стевенс, а до крајот на сезоната ќе има тешка задача да избори опстанок со тимот кој се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 14 освоени бодови.

Дебито на клупата на Хофенхајм, Нагелсман, ќе го има в сабота кога неговиот тим ќе му гостува на конкурентот во борбата за опстанок, Вердер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП