5 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Победи за Оклахома и Милвоки

НБА: Победи за Оклахома и Милвоки

baks vizards

Во пресрет на Ол Стар викендот, во НБА лигата се одиграа само две средби. Оклахома го совлада Њу Орлеанс (121:95), а Милвоки триумфираше против Вашингтон (99:92).

Дуелот помеѓу Оклахома и Њу Орлеанс започна со минута молчење во чест на Ингрид Вилијамс, сопругата на помошниот тренер на Оклахома кој минатата сезона работеше во Њу Орлеанс, која го загуби животот во сообраќајна несреќа.

На теренот мечот го обележа Расел Вастбрук, кој беше чекор до ’трипл дабл’ од 23 поени, девет скокови и 10 асистенции. Ист број на поени постигна и неговиот соиграч Кевин Дурент, како и Ентони Дејвис и Џру Холидеј на спротивната страна.

Оклахома, пред Ол Стар викендот, се наоѓа на третото место на Западот, со скор од 40 победи и 14 порази, додека Њу Орлеанс се на 12-то место со 20 победи и 33 порази.

Милвоки ја запиша втората победа во низа, откако Крис Мидлтон го предводеше тимот до победата над Вашингтон. Мидлтон мечот го заврши со 27 поени, шест скока, девет асистенции и пет украдени топки.

По 17 поени за Милвоки постигнаа Јанис Андетокумбо и Џабари Паркер, а грчкиот репрезентативец имаше и 13 скокови.

Најефикасен кај Вашингтон беше Бредли Бил со 19 поени, додека Џон Вол оствари двоен ефект од 15 поени и 10 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП