18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Убедливи победи на Ц.ѕвезда, Лаборал и Фенербахче

Евролига: Убедливи победи на Ц.ѕвезда, Лаборал и Фенербахче

evroligaaaa

Кошаркарите на Црвена ѕвезда, Фенербахче, Лаборал Куча и Реал Мадрид забележаа победи во воведните натпревари од седмото коло во Евролигата.

Црвена ѕвезда, пред своите навивачи, убедливо ја поразија Цедевита 94:74. Милер со 22, Мициќ со 14 поени и девет асистенции, односно Гудуриќ со 13 поени ја предводеа белградската екипа до четвртата победа во Топ 16 фазата. Пулен со 20, Вајт со 18 и Билан со 17 кошеви беа најефикасни во редовите на Цедевита.

Мечот во белградски „Пионир“, од првиот ред го следеше и големиот навивач на Црвена ѕвезда, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Фенербахче и по мечот со Уникаха остана единствениот тим со максимален ефект во Топ 16 фазата. Фенер, без повредениот Перо Антиќ, го декласира шпанскиот тим со 90:59. Датоме постигна 13 поени, а Јудо и Хикмен по 12 за Фенер, додека Нелсон со 11 поени беше единствениот со двоцифрен број на поени кај Уникаха.

Рел запиша значајна победа кај Химки 93:82, а натпреварот го обележа Мекзиканецот Густаво Ајон со 24 поени, 13 скокови и пет украдени топки, што му донесе 41 индксен поен.

Лаборач Куча предводена од Бурусис (18 поени) и Џејмс (16 поени) слвеше над Бамберг со 90:64.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП