18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрпските ракометарки останаа без селектор

Српските ракометарки останаа без селектор

саса

Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Србија (РСС) го смени од функцијата селекторот на женската репрезентација, Саша Бошковиќ, откако не го усвои неговиот извештај за настап на селекцијата на СП во Данска, каде Србинките го освоија 15-то место.

Петгодишниот мандат на Бошковиќ, го обележаа бројни успони и падови на српскиот национален тим, од освоеното четврто место на ЕП и второто место на СП, до несулгасувањата со најдобрите ракометарки (Томашевиќ, Лекиќ, Дамјановиќ, Цвијиќ), кои последната година одбија да игра за репрезентацијата додека тој е селектор.

РСС не соопшти кој ќе го наследи Бошковиќ на функцијата, а до изборот на новиот селектор репрезентацијата ќе ја предвди актуелниот стручен штаб.

Српските ракометарки на 9. и 13.март ќе играат против Чешка, напреварите од третото и четвртото коло во квалификациите за пласман на ЕП во Шведска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП