2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар поразен од Рајн Некар

Вардар поразен од Рајн Некар

hc vardar 0203

Рајн Нрекар Ловен го совада Вардар со 28 :27 (14:15) во рамките на 11.коло, во Лигата на шампионите. Вардар го забележа петтиот пораз и ќе остане на петтото место во Групата 2, додека Рајн Некар со седмата победа се израмни на врвот со Барселона, која има меч помалку и Кјелце.

Вардар не успеа да го одржи континуитетот на добри резултати против Рајн Некар иако во текот на целиот меч имаше активен резултат, а во последнатите 35 секунди ‘црвено-црните’ не реализираа два напада, поточно Апелгрен ги одбрани ударите најпрвин на Горбок, а потоа и на Брумен.

Иако без тројца играчи, Вардар, уште од стартот го наметна својот ритам, Циндриќ добро ги организираше нападите, а одбраната 5-1 не им остави на Германците премногу простор во нападот.

Вардар во осмата минута стигна до предност од два гола, а во 19.имаше и три позитива, која лесно ја испушти во последната минута од првиот дел, кога со две технички грешки му дозволи на да се доближи на гол негатива.

По исто сценарио се одививаа работите и во првата половина од второто полувреме, Вардар ја одржуваше предноста два гола, кога Рајн Некар успеа со серија од 4:0, да стекне два гола предност.

До крајот на мечот вистинска резултатска нишалка, од која како победник излезе Рајн Некар.

Горбок со седум голови беше најефикасен во редовите на Вардар, додека по пет голови постигнаа Дибиров и Циндриќ. Рајн Некар го предводеше Шмид со десет голови.

Вардар во наредната рунда, на 20.февруари, ќе игра на домашен терен против Кристијанштад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП