Жозе Мурињо речиси сигурно е поврзуван со функцијата нов тренер на Манчестер Јунајтед од следната сезона. Тоа, сепак, нема да биде обично назначување, бидејќи Мурињо ќе стане најскапо платениот фудбалски тренер во светот.
Португалскиот стратег се очекува да потпише тригодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“ кој ќе биде во вредност од 46 милиони фунти (66.2 милиони долари). Поделена на 3 години, износот е малку поголем од годишната плата од 14,9 милиони фунти (21.4 милиони долари), која Манчестер Сити му ја нуди на новиот менаџер Пеп Гвардиола за следната сезона.
Се смета дека агентот на Мурињо, Жорже Мендеш во моментов работи на последните детали од договорот, со кој неговиот клиент ќе го замени Луис ван Гал на „Олд Трафорд“.
Педесет и три годишниот Мурињо, кој е без работа од декември, кога беше отпуштен од Челзи, веќе споделил пред некои од најблиските пријатели дека „сигурно“ преминува во Манчестер Јунајтед.
Во Шпанија Мурињо и Гвардиола водеа жестока битка меѓу себе како тренери на Реал Мадрид и Барселона, односно, ако Португалецот се приклучи на Јунајтед наредната сезона, тоа ќе биде најскапото натпреварување меѓу фудбалски тренери во најскапото првенство во светот.