Норвешки Лилехамер од 12-ти до 21-ви февруари ќе биде домаќин на вторите Зимски младински олимписки игри, на кои ќе учествуваат спортисти од 71 држава. На зимската младинска Олимпијада, Македонија ќе ја преставуваат Ставре Јада и Лука Божиновски, односно нивните тренери Ѓоко Динески и Роберт Божиновски.
На вторите младински ЗОИ, Ставре Јада ќе се натпреварува во крос кантри, во дисциплините спринт и класично, додека Лука Божиновски ќе настапи во сите дисциплини во алпско скијање.
Македонското знаме на церемонијата на отворање на игрите ќе го носи Ставре Јада, а Лука Божиновски ќе го носи на церемонијата на затворање на игрите.
На МОИ Лилехамер 2016 ќе се организираат работилници, каде ќе учествуваат младите олимпијци заедно со олимписките и спортските легенди меѓу кои ќе биде и светскиот и олимписки шампион Линдзи Вон.