17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ и Блан ја продолжија соработката

ПСЖ и Блан ја продолжија соработката

loran blan 000

Тренерот на Пари Сен Жермен, Лоран Блан, го продолжи договорот со францускиот шампион до 2018-та година, објави клубот на својата официјална интернет страница.

„Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата која ми ја укажува“, рекол Блан, чии договор истекуваше по завршувањето на оваа сезона.

Поранешниот француски репрезентативец, кој со националниот тим стана светски првак во 1998 година, во ПСЖ го наследи Карло Анчелоти во 2013 година. Со тимот од „Паркот на Принцовите“, во досегашниот мандат има освоено две титули во првенството на Франција и по една во Лига купот и францускиот Куп.

ПСЖ е на добар пат да ја одбрани шампионската титула, откако по 25 натпревари во првенството има 24 бодови повеќе од најблискиот конкурент. Тимот на Блан избори пласман и во осминафиналето во Лигата на шампионите, а за противник го има Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП