17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФолксваген повлекува 680 илјади возила во САД

Фолксваген повлекува 680 илјади возила во САД

folksvagen

Германскиот производител на автомобили Фолксваген ќе повлече во САД 680 илјади возила заради проблеми со воздушните перничиња.

Од компанијата велат дека за тоа ја информирале американската Национална агенција за безбедност во сообраќајот.

Повлекувањето се однесува на моделите на возила произведени од 2006 до 2014 година.

Повеќе милиони возила од разни производители беа повлечени минатата година ширум светот заради неисправни воздушни перничиња од јапонската компанија Таката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП