ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар гостува кај Рајн Некар

Вардар гостува кај Рајн Некар

hc vardar 0203

Ракометарите на Вардар, денес (19:30), ќе го одиграат првиот меч во Лигата на шамионите оваа година. По паузата поради Европското првенство, македонскиот шампион ќе гостува во Германија кај Рајн Некар Ловен.

Вардар со преполовен тим ќе му се спротивстави на лидерот во германската Бундеслига, кој според најавите на овој меч ќе настапи без Грецки. Од друга страна во тимот на Вардар ќе ги нема Стоилов и Манасков, кои се супендирани, Карачиќ и Деревен се повредени, а Лацковиќ го напушти клубот.

’Црвено-црните’, славеа во првиот меч сезонава (25:19), а исто така имаат две победи во дуелите со германскиот тим во минатата сезона (28:25 и 35:28).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП