9 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФинале и нов рекорд за Барселона

Финале и нов рекорд за Барселона

барсоооо

Фудбалерите на Барселона се пласираа во финалето на шпанскиот Куп (Куп на Кралот), откако во реваншот ремизираа во Валенсија (1:1). Првиот меч, одигран пред една недела, Барселона убедливо го доби со 7:0.

Барселона, која на речиси празната „Местаља“ настапи со комбиниран тим, имаше негатива од еден гол сѐ до финишот, кога резултатот го израмни младиот Камерунец Вилфрид Каптум. Претходно Валенсија стекна предност со голот на Негредо.

Барселона го одигра 29 натпревар на кој не забележа пораз со што постави нов рекорд во шпанскиот фудбал, претходниот исто така беше со сопственост на Каталонците, но под водство на Пеп Гвардиола.

Барса последниот пораз го доживеа на 3.октомври минатата година од Севилја.

Екипата на Севилја, најверојатно ќе им биде противник на избраниците на Луис Енрике во финалето, бидејќи по првиот меч од полуфиналето со Селта стекнаа предност од 4:0. Селта и Севилја полуфиналниот реванш ќе го одиграат во четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП