Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Јаја Туре е сосема близу да потпише продолжување на договорот со актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити.
Според медиумите од Островот играчот од средниот ред е подготвен да стави потпис на договор вреден 45 милиони фунти или тоа би значело околу 220.000 фунти неделно во следните четири години. Суперѕвездата преговара со раководството на Сити уште од кога се врати во Англија по настапите со националниот тим на Купот на африканските нации.
Оваа сезона Туре одигра 25 натпревари во дресот на „граѓаните“ и постигна пет гола. Халфот одамна е клучен дел од составот и дефинитивно одигра голема улога во успехот на „Сити“.