18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлиперси го казнија Грифин со 860.000 долари

Клиперси го казнија Грифин со 860.000 долари

blejkco 30

Крилниот центар на ЛА Клиперс, Блејкс Грифин, доби парична казна од клубот, поради инцидентот со клупскиот економ, по кој Грфин заврши со фрактура на дланката. Инцидентот се случи пред еден месец во Торонто, кога Грифин по една расправија го удрил економот.

Клубот одреди Грифин да не добие плата за пет натпревари кои ќе ги одигра, што значи дека тој ќе остане без 859.422 долари. Блејк Грифин оваа сезона игра за плата од 18, 9 милиони долари.

Клиперси, парите од казната на Грифин, ќе ги донираат во добротворни цели, односно кај организации кои им помагаат на младите луѓе во Лос Анџелес. Исто така клубот го замолил Грифин да најде време да им помага на овие организации.

Инаку, Грифин, се рехабилитирал од повредата и е подготвен да се врати во натпреварувачки ритам.

Неиграњето на Грифин не се почувствува во играта на Клиперси, кoи од 26-ти декември наваму забележаа 18 победи на 22 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП