Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, го продолжи договорот со клубот до јуни 2021 година. Словенецот на „Винсенте Калдерон“, пристигна во 2014 година од редовите на Бенфика.
Облак во Атлетико до 2021 година

Јан Облак оваа сезона го бранеше голот на Атлетико на сите натпревари во Примера и во Лигата на шампионите. Тој е најдобриот голман во Примера, на 23 натпревари е совлaдан само 11 пати, а во Лигата на шампионите на шест натпревари примил само три гола.
Словенецот, во тековната сезона, на 18 од 29 натпревари успеал да ја сочува својата мрежа.
Атлетико Мадрид, се наоѓа на второто место во првенството на Шпанија со 51 бод, три помалку од Барселона, кoја има и натпревар помалку.

