9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООгбона го елиминира Ливерпул од ФА купот

Огбона го елиминира Ливерпул од ФА купот

огбонаааа

Фудбалерите на Вест Хем го елиминираа Ливерпул во третото коло, во ФА купот. Во повторениот меч од оваа рунда Вест Хем славеше по продолжението и тоа со голот на Огбона во 121.минута.

Вест Хем и Ливерпул имаа свои добри и лоши моменти во повотрениот меч во ФА купот. Домаќинот доминираше во првото полувреме и тоа го материјализира во финишот на полувремето кога гол постигна Антонио.

Веднаш на стартот на второто полувреме Ливерпул израмни преку Кутињо, кој погоди од слободен удар.

До крајот на регуларниот дел Бентеке не реализира добра шанса за Ливерпул, а домаќинот не доби пенал по стартот врз Валенсија.

Продолженијата целосно му припаднаа на Ливерпул, чии фудбалери создадоа неколку добри шанси, а најдобрата ја пропушти Бентеке, кога во ситуација ’еден на еден’ биеше во домашниот голман.

И кога сите на стадионот ги очекуваа пеналите, Паје изведе слободен удар, а Огбона со глава го совлада Мињоле.

Во наредното коло Вест Хем, на 21.февруари, ќе гостува кај Блекбурн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП