Фудбалерите на Вердер Бремен и Борусија Дортмунд изборија пласман во полуфиналето на германскиот Куп, откако во четвртфиналето забележаа идентични гостински победи во Леверкузен, односно Штутгарт.
Вердер и Борусија полуфиналисти во германскиот Куп

Вердер направи големо изнендување со елиминацијата на Баер Леверкузен. Гостите од Бремен слвеа со 3:1, а работата во четврфиналето им ја олесни Вендел, кој во 42.минута доби црвен картон.
Чичарито постигна гол за Баер, а потоа Вердер направи целосен пресврт со головите на Гарсија, Пизаро од пенал и Грилиќ.
Идентична победа забележа Борусија во Штитгарт, а головите за ’милионерите’ ги постигнаа Ројс, Обамејанг и Мхитаријан во самиот финиш на натпреварот, додека стрелец за домаќинот беше Руп.
Преостанатите две четвртфинални средби ќе се одиграат в среда, а се среќаваат Хофенхајм и Херта, односно Бохум и Баерн Минхен.

