15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКонечно: На Instagram сега може да користите повеќе профили

Конечно: На Instagram сега може да користите повеќе профили

insta dvojka 3

Mногубројни корисници кои имаат повеќе „Instagram“ профили бараа да се воведе оваа можност, која веќе долго време е стандардна во апликациите, како на пример „Twitter“.

Instagram“ по неколку месеци тестирање, конечно им овозможи на корисниците на своите апликации да користат повеќе профили. Оваа опција беше тестирана на „Android“ и „iOS“ уредите, а пред неколку дена и некои од корисниците со своите „iOS“ уреди имаа можност да ја видаат оваа опција. Меѓутоа, од верзијата 7.15, таа пристигнува кај сите.

Ова ќе го ценат многубројните корисници кои имаат приватен „Instagram“, но истовремено користат и некои за работа, миленичиња и ред други работи.

Самиот процес за трансфер на профилите е многу едноставен. На поставката на профилот треба да се додаде новото корисничко име и потоа со едноставно кликнување на името на врвот на профилот, тој ќе се промени. Вашата профилна фотографија ќе ви даде до знаење во секое време кој профил е активен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП