6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРК Вардар го договори Канељас

РК Вардар го договори Канељас

576_1421767877Joan_Caellas

Ракометниот клуб Вардар, на својата официјална страница, го потврди трансферот на шпанскиот репрезентативец Жоан Канељас (29).

Канељас на Вардар ќе му се приклучи по завршувањето на сезоната, а со македонскиот шампион потпиша тригодишен договор.

Освојувачот на сребрениот медал на неодамна завршеното Европско првенство, изминатиот викенд беше во Скопје, се запознал со условите кои владеат во клубот и ја договорил соработката со ’црвено-црните’.

Канељас ќе ја зголеми шпанската колонија во Вардар, каде веќе играат неговите репрезентативни колеги Штербик, Македа и Душебаев, а стручниот штаб го предводи Раул Гонзалес, заедно со помошникот Давид Дејвис Камара.

Средниот бек во моментов настапува за Кил, а во кариерата играл во БМ Гањољерс (2004-2006), Барселона (2005-2008), Гарњољерс (2008-2009), Сиудад Реал (2009-2011), Атлетико Мадрид (2011-2013) и Хамбург (2013-2014).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП