24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо во Реал до крајот на договорот

Роналдо во Реал до крајот на договорот

roni

Кристијано Роналдо стави крај на шпекулациите за можниот трансфер во ПСЖ, откако за шпанските медиуми изјавил дека до крај ќе го одработи својот договор со Реал Мадрид.

Изминатите неколку месеци медиумите шпекулираа дека ПСЖ се подготвува да го собори трансфер рекордот на Герет Бејл и дека за Португалецот е подготвен да плати повеќе од 100 милиони евра.

„Сакам да останам тука уште неколку години. Ќе останам во Мадрид до истекот на договорот (лето 2018), а потоа ќе видиме што ќе се случи“, изјавил Роналдо за Marca.

„Шест години сум во Шпанија, толку време минав и во Манчестер. Тоа беше едно големо искуство, но ова е најсилната лига во светот и за мене преставува чест што сум дел од неа“, дополнил Португалецот.

Кристијано Роналдо оваа сезона има учинок од 30 голови и 10 асистенции на 29 одиграно натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП