Суперстарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, го запиша својот 40-ти „трипл дабл“ во кариерата и го предводеше тимот до победата над Сакраменто 120:100.
Натпреварот против Сакраменто, Џејмс го заврши со 21 поен, 10 скокови и исто толку асистенции. Покрај Џејмс, кај Кливленд блескаше Кајри Ирвинг со 32 поени и 12 асистенции. Најефикасен кај Сакраменто беше Руди Гејс со 26 поени, додека Режон Арондо имаше учинок од седум поени, осум скокови и 16 асистенции.
Резултати:
Шарлот-Чикаго 108:91
Индијана-ЛА Лејкерс 89:87
Филалдефија-ЛА Клиперс 92:98
Бруклин-Денвер 105:104
Детроит-Торонто 89:103
Атланта-Орландо 110:117
Мемфис-Портланд 106:112
Минесота-Њу Орлеанс 102:116
Феникс-Оклахома 106:122.