7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Драма во „Јане Сандански“ и пораз на МЗТ

АБА: Драма во „Јане Сандански“ и пораз на МЗТ

aba novo logo

Кошаркарите на МЗТ загубија од Будуќност 68:72, во последниот натпревар кој се одигра во рамките на 23.коло, во АБА лигата. МЗТ, во последните три кола ќе се бори за опстанок во лигата, додека Будуќност и математички ја обезбеди првата стартна позиција пред почетокот на плејофот.

МЗТ одлично влезе во мечот, првиот период го реши со 25:15, Будуќност успеа да се врати во вториот период со серијата од 4:15, да го преземе водството (29:32) и од тој момент до крајот екипите се менуваа во водство.

На крајот пресуди искуството на готинските играчи, откако МЗТ во последната минута влезе во предност од два поени и напад, но до брајот Будуќност постигна шест, а МЗТ ниту еден поен.

Дреновац со 15 и Стојановски со 11 поени го предводеа тимот на МЗТ, додека Драгичевиќ со 17 поени беше најефикасен во гостинскиот тим.

Во наредното коло, в петок, МЗТ ќе гостува во Задар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП