24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Коста спаси бод за Челзи

Диего Коста спаси бод за Челзи

diego-kosta

Челзи и Манчестер Јунајтед освоија по еден бод, откако во последниот натпревар од 25.коло во Премиерлигата, одиграа 1:1 (0:0). Во дербито блескаа голамните Куртоа и Де Хеа, Јунајтед имаше предност до 91.минута, а до крајот на мечот успеа да се спаси од пораз.

Квалитетен натпревар одиграа тимовите кои во последните 11 години освоија девет титули во Премиерлигата. Во првото полувреме немаше голови, Куртоа успеа да му го одбрани ударот на Марсијал, а на спортивната страна Диего Коста шутираше крај голот на Де Хеа.

Спорна ситуација се случи во финишот на првиот дел, кога по ударот на Тери, топката во рака го погоди Блинд, го промени правецот, но судијата Мајк Оливер не покажа пенал за Челзи.

Јунајтед подобро влезе во второто полувреме, константно го притискаше ривалот, а во интервал од само три минути Куртоа го спаси својот гол откако ги одбрани ударите на Руни и Линдгард.

Добрата игра на ‘црвените ѓаволи’ со гол ја круниса Лингард во 61.минута. Младиот напаѓач од свртување постигна прекрасен гол.

По примениот гол иницијативата ја презеде Челзи, а блесна на голот на Јунајтед Де Хеа, кој одбрани два тешки удари на Ивановиќ и Фабрегас.

Израмнувањето стигна во 91.минута, кога Диего Коста го искористи киксот во одбраната на Јунајтед, успеа да го заобиколи Де Хеа и да погоди.

Диего Коста и Де Хеа, беа актери и во 95.минута, напаѓачот на Челзи биеше по земја, а младиот голман од аголот успеа да го одбрани својот гол.

Ремито во Лондон не донесе никакви поместувања на табелата, Јунајтед е петти со 41 бод, додека Челзи е 13-ти со 30 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП