19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГут победи во Гармиш, Јанка во Јеонгсеон

Гут победи во Гармиш, Јанка во Јеонгсеон

lara-gut

Лара Гут забележа победа на супервелеслаломот кој се одржа во германскиот Гармиш-Партенкирхен. Мажите, исто така се натпреваруваа во супервелеслалом, а победата во Јеонгсеон, Јужна Кореа, ја однесе Карло Јанка.

Швајцарката Гут, до четвртата победа во сезоната, вкупно 17-та во кариерата, стигна со време 1:20.51 минути. На втората позиција се пласира Викторија Регенсбург, Германката зад Гут задоцни за 15 стотинки, додека третото место го освои Линдзи Вон.

Интересно, на супервелеслаломот во Гармиш, прв пат сезонава на победничкиот пиедестал се најдоа трите најголеми фаворитки за вкупна победа во Светскиот куп.

Вон, води во вкупниот пласман со 1.060 бодови, Гут е втора со 973, а трета е Ребенсбург со 820.

Сонародникот на Гут, Карло Јанка, славеше во истата дисциплина во Јеонгсеон. До првата победа по пауза од една година, Швајцарецот дојде со време од 1:26.16 минути. Италијанецот Кристоф Инерхофер беше втор, а Австриецот Винсент Крихмајр го освои третото место.

Лидер во генералниот пласман е Марсел Хиршер со 1.005 бодови, а зад него се Норвежаните Хенрик Кристоферсен (971) и Аксел Лунд Свиндал (916), кој поради повреда веќе ја заврши сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП