26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКинезите нудат 75 милиони евра за Оскар

Кинезите нудат 75 милиони евра за Оскар

oskar-os

Иако оваа зима потрошија повеќе од 300 милиони евра на засилување, кинеските фудбалски клубови не запираат.

Според пишувањата на англиските медиуми, нова мета е играчот за врска на Челзи, Бразилецот Оскар, кој би требало да се пресели во Јиангсу Сунинг и тоа за неверојатни 75 милиони евра. Доколку овој трансфер се реализира, Бразилецот ќе стане трет најскап играч во историјата по Кристијано Роналдо и Герет Бејл, кои ги купи Реал Мадрид за вкупно 190 милиони евра.

Сопствениците на Јиангсу Сунинг најпрво понудиле 50 милиони евра, но ‘сините’ ја одбиле понудата. Сега се чека одговор од Лондон откако го ‘здебелија износот’.

Јиангсу Сунинг оваа зима веќе потроши 86 милиони евра на тројца фудбалери. Од Шахтјор за 50 милиони евра пристигна Алекс Тешеира, од Челзи Рамиреш, додека за чао Гуа платија осум милиони евра на Гринтаун.

„Верувам дека челниците на европските клубови се сѐ повеќе загрижени. Кина сѐ посериозно влегува во светот на фудбалот и бара потврда на фудбалскиот пазар. Само неколку клубови ќе можат да ги следат кинеските понуди“, рече менаџерот на Челзи, Гус Хидинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП