17 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКинезите платија рекордни 50 милиони евра за Тешеира

Кинезите платија рекордни 50 милиони евра за Тешеира

texeira 00

Алекс Тешеира до чии услуги во зимскиот преоден рок се обидуваа да стигнат Ливерпул и Челзи, кариерата ќе ја продолжи во Кина во екипата на Џангсу Сунинг. Трансферот на Бразилецот е вреден 50 милиони евра што преставува рекорд во кинескиот фудбал.

„Го продадовме во Кина“, со овие зборови трансферот на Тешеира го потврдил тренерот на Шахтјор, Мирчеа Луческу.

Џангсу Сунинг, пред десет дена, издвои 30 милиони евра за играчот на Челзи, Рамиреш, а сега со трансферот на Алекс Тешеира го урна кинескиот рекорд, кој пред два дена го постави Гвангжу Евергранде со 45 милиони евра вредниот трансфер на Џексон Мартинез од Атлетико Мадрид.

Алекс Тешеира, во Шахтјор, пристигна пред шест години за сума од шест милиони евра, а клубот го напушта како водечки стрелец во украинската лига со 22 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП