2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Коби блескаше во Њу Орлеанс

НБА: Коби блескаше во Њу Орлеанс

Lakers-Pelicans-Baske_Inte-e1454656330429

Еден од најдобрите играчи во историјата на НБА лигата, Коби Брајант, кој по завршувањето на сезоната ќе стави крај на кариерата, одново потсети на славните денови. Откако пред два дена ја торпедираше Минесота, Коби со двоен ефект ги предводеше Лејкерси до триумф во Њу Орлеанс.

Лејкерси во Њу Орлеанс го забележаа 11-от триумф во 52-от натпревар сезонава. Во победата 99:96, Коби имаше учинок од 27 поени и 12 скокови. Покрај ветеранот уште четворица кошаркари на ’езерџиите’ постигнаа двоцифрен број на поени.

Њу Орлеанс не успеа да го избегне 31-от пораз, иако Ентони Дејвис одигра брилијантен меч (39 поени, 11 скокови).

Сите играчи од стартната петорка на Детроит постигнаа двоцифрен број на поени, а Пистонси славеа над Њујорк (111:105). Стенли Џонсон со 22 и Реџи Џексон со 21 поен беа најефикасни, додека Њујорк го предводеше Робин Лопез со 26 поени и 16 скокови.

Хјустон славеше во Феникс (111:105), најмногу поради Кори Бруер (24 поени) и Тревор Ариза (22 поени).

Ол стар играчите на Торонто, Кајл Лаури и Демар Дерозан заедно искомбинираа 59 поени во триумфот на Репториси во Портланд 110:103. Лаури постигна 30, а Дерозан 29 кошеви. На спротивната страна Демијан Лилард имаше учинок од 27 поени и 11 асистенции, а Си Џеј Мекалум постигна 21 поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП