Фудбалерите на Севилја убедливо ја совладаа Селта во првиот полуфинален меч во шпанскиот Куп и најаваија финале со Барселона. Тимот на Унаи Емери во целост ја надигра Селта, забележа победа од 4:0, а реваншот на „Балаидос“ во Виго би требало да преставува само формалност.
Севилја до победата ја предводеше Кевин Ганеиро, кој во раната фаза од второто полувреме постигна два гола во интервал од три минути.
Претходно резултатото во 45.минута го отвори Адил Рами, а конечните 4:0 ги постави Михаел Крон-Дели во 87.минута.
Триумфот на Севилја можеше да биде и поубедлив доколку Гамеиро при резултат 0:0 реализираше удар од 11 метри.
По оваа победа на Севилја и уште поубедливиот триумф на Барселона над Валенсија (7:0), извесно е дека за трофејот во Купот на Кралот ќе се борат овие два тима.
Реванш натпреварите ќе се одиграат на 10. и 11.февруари.