27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТајсон Фјури размислува да ја прекине кариерата

Тајсон Фјури размислува да ја прекине кариерата

furi 20

Светскиот првак во тешка категорија, британскиот боксер, Тајсон Фјури, во разговор за BBC, рекол дека има проблеми со мотивацијата не исклучувајќи ја можноста да се пензионира.

Фјури, во ноември минатата година, во Диселдорф, на поени го победи Валдимир Кличко и стана светски првак во верзиите WBA, WBO, IBF, IBO и магазинот The Ring. Две недели по големата победа на Британецот од оваа асоцијација му ја одзедоа титулата бидејќи одбил да се бори против предизвикувачот Вјачеслав Глазаков.

Веднаш по мечот во Диселдорф започнаа шпекулациите за реванш помеѓу нив двајца, кој би требало да се случи во мај или јуни оваа година, на се уште непозната локација. Според некои извори во конкуренција се пет градови, меѓу кои Доха и Абу Даби, каде наводно за организатор се понудил неименуван шеик, кој сакал да ја организира борбата на својата јахта, без ТВ пренос, пред само 120 гледачи, кои влезницата би ја платиле по еден милион долари.

Тајсон Фјури во кариерата се уште нема пораз, има забележано 25 победи, а за BBC рекол дека не би му преставувал никаков проблем да замине во пензија како непоразен во рингот.

„Се мачам со мотивацијата. Би можел да се повлечам, непоразен, со сите тие појаси и да водам нормален живот“, рекол Фјури, кој на крајот од годината се ’прослави’ со навредливите коментари за жените.

„Боксував само поради парите, а секогаш размислував дека никогаш нема да се занимавам со овој спорт само поради заработувачката. Го остварив сонот. Прашање е колку сум мотивиран за да продолжам. Постои живот и по боксерската кариера и во овој момент не сум сигурен што ќе направам. Се уште не сум сигурен дали ќе се борам во реваншот“, заклучил Фјури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП