26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖРК Вардар: Нема да го потцениме Савехоф

ЖРК Вардар: Нема да го потцениме Савехоф

zrk-vardar-savehov

Ракометарките на Вардар, в сабота (17:30 ч) против Савехоф, ќе продолжат со натпреварите во Лигата на шампионките. Дуелот со шведскиот првак кој прв за вардаровите ракометарки по пауза од две недели и поразот од Будуќност.

Февруари е најважниот дел од сезоната за ЖРК Вардар, период во кои македонските шампионки ќе ги одиграат преостанатите четири натпревари во Групата 2 и преку кои тимот ќе се обиде да избори што подбра позиција, а со самото тоа и полесен противник во четвртфиналето.

Вардарки во пресрет на мечот со Савхоф се наоѓаат на четвртото место во Групата 2, со бод повеќе од Митјиланд кој е на петтото место, а шведските шампионки се на последното место без освоен бод и без шанси за пласман во четвртфиналето.

„Исклучително важен меч за нас, особено што во минатото коло против Будуќност не одигравме на ниво какво што од нас се очекува. Поради тоа секој меч за Вардар е исклучително важен. Савехоф нема ниту еден бод во групата, но ние воопшто не треба да размислуваме на таа тема. Натпреварот е важен за да ја подигнеме самодовербата. Савехоф е типичен преставник на скандинавскиот ракомет, не смееме да влеземе во нивниот ритам, бидејќи тие играат во текот на сите 60 минути, без оглед на тоа каков е резултатот. Предупредување за нас е дека тие многу подобро играта во гости оваа сезона“, рече средниот бек на Вардар, Андреа Лекиќ, на прес конференцијата во рпесрет на мечот со Савехоф.

„Важен меч за нас, во кој се надевам дека ние ќе ги освоиме бодовите. Савехоф е добар тим кој неколку сезони се натпреварува во Лигата на шампионите, имаме искуство од ланските натпревари со нив. Тоа е екипа која во текот на целиот меч го држи истото ниво на игра, во ниту еден момент не се предаваат, го држат истото темпо. Добро работевме и мислам дека имаме решение за скандинавските екипи“, рече тренерот Индира Кастратовиќ.

Инаку, на прес конференцијата, претседателката на Вардар, Гордана Нацева, го потврди заминувањето на стручниот консултант Јан Питлик и дека до крајот на сезоната со Кастратовиќ во стручниот штаб ќе биде Дејвис Камара од машкиот тим.

Исто така, Нацева ги потврди и трансферите на Лакрабе и Херем кои по завршувањето на сезоната ќе му се приклучат на ЖРК Вардар и не ја исклучи можноста тимот за новата сезона да се засили со нови ракометарки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП