28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси влезе во клубот 500, Барса ја декласира Валенсија

Меси влезе во клубот 500, Барса ја декласира Валенсија

меси-суарез

Наjдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, во полуфиналниот натпревар во шпанскиот Куп, го постигна 500-от гол во кариерата. Барселона, во првиот полуфинален меч ја декласира Валенсија со 7:0, Луис Суарез постигна четири, а Меси три гола.

Луис Суарез ја отвори серијата со два гола во 7. и 12.минута, до крајот на полувремето Меси постигна гол во 29.минута. во финишот на првиот дел Мустафи доби црвен картон, а Нејмар не реализира пенал.

Меси го отвори вториот дел со два гола, а вториот кој го постигна во 59.минута беше неговиот 500-ти на официјалните натпревари.

Аргентинецот во досегашната кариера има постигнато 501 гол, од кои 436 се во дресот на Барселона, 49 за Аргентина, 12 за младата репрезентација на својата земја, а два за олимписката селекција.

Луис Суреа кој мечот го заврши со два гола, на идентичен начин го затвори мечот со головите во 83. и 85.минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП