Ракометниот клуб Вардар, согласно клупскиот Дисциплински правилник, а поради прекршување на правилата на однесување, им изрече двенеделна суспензија на репрезентативците Стојанче Стоилов и Дејан Манасков.
Стоилов и Манасков во овој период ќе тренираат со вториот тим на Вардар, а клубот реши истовремено и парично да ги казни.
Двајцата играчи доставија изјави за нивното однесување во врска со настанот во кои биле инволвирани. Било констатирано прекршување на клупската дисциплина, поради што истите се санкционирани.