4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтоилов бил нападнат оти не сакал да се слика

Стоилов бил нападнат оти не сакал да се слика

stojance stoilov 33

Ракометниот репрезентативец, Стојанче Стоилов бил нападнат и се здобил со видливи повреди бидејќи не сакал да се слика со лицата кои подоцна го нападнале.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, во вторникот околу 4 часот наутро, Стоилов заедно со неговиот колега Дејан Манасков и фудбалерот Никола Трипуновски јаделе во пекарницата „Силбо“ на улица „Костурски херои“. Додека јаделе на Стоилов му пришле четири до пет непознати лица кои сакале да се сликаат со него.

Стоилов ги одбил, па почнале да го навредуваат со погрдни зборови и излегле надвор од пекарницата. Пред пекарницата почнале да ги кршат возилата на Мансков и Трипуновски.

Спортистите веднаш излегле надвор да видат што се случува, по што Стоилов бил нападнат со клоци и тупаници. Едниот од напаѓачите е идентификуван, триесет и тригодишниот скопјанец Т.Г., додека другите напаѓачи се непознати.

Од извршениот разговор со инволвираните лица и со сведоците случајот е расчистен и на Стоилов и идентификуваниот напаѓач им е издаден записник за констатиран прекршок по чл. 11 (“тепачка“) од ЗППЈРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП