18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Нистелрој ја напушта холандската репрезентација

Ван Нистелрој ја напушта холандската репрезентација

van-van

Помошникот на холандскиот селектор, Руд ван Нистелрој, во јуни ќе ја напушти функцијата, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа земја, без да соопшти кој ќе биде негов наследник.

Ван Нистелрој има договор со Фудбалскиот сојуз на Холандија, кој истекува во јуни оваа година, а според информациите тој решил да не го продолжил. Поранешниот холандски репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во својот поранешен клуб ПСВ Ајндховен, каде ќе ги тренира младите напаѓачи.

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, за помошник на селекторот беше именуван во август 2014 година, кога Фудбалскиот сојуз на Холандија, како наследник на Луј ван Гал го постави Гус Хидинк.

Ван Нистелрој остана на таа позиција и кога Хидинк поради лошите резултати во квалификациите доби отказ, а селектор стана Дени Блинд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП